Без критичко мислење не може да има реформи, истакна вечерва кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на средба со младите.
„Затоа сум овде меѓу нив, да ја чујам критиката за досегашната кампања, за она што се случува, за да ги чујам забелешките за да знам кој пат да фатам во вториот изборен круг. Се надевам дека ова не се круговите на пеколот на Данте Алигиери. Мислам дека се обидував никогаш да не ги заборавам во она што го правам, не мислам дека е најголем предизвик за мене да имам функција наречена претседателка на државата туку напротив навистина да укажам на потребата од препознавање на вистинскиот демократски живот во Македонија за оние најпотентните политички, умствено, критички да останат во Македонија или да се вратат, или да ги задржиме во контакт зошто без нови луѓе во политиката, без радикални промени во лидерите во партиите внатре, без внатрепартиска демократија која ја нема ако се анулираат критички настроените луѓе, оти јас сум видела во сите партии извонредни умови, критички умови, реформатори ама некако нив ги немаше на клучните функции“, рече Сиљановска.
Професорката најави низа средби со граѓаните.
„Ќе се обидам во вториот дел на кампањата низ вакви средби било да се тоа овде или во „Јавна соба“ или на „Школка“, и со оние кои што сакаат да бојкотираат, и со оние кои имаат аргументи против тоа и за оние кои мислат дека вреди да се победи на овие избори, ама и сите ние кои го респектираме другиот да поттикнеме некоја, да разбудиме некоја енергија во Македонија.Да започнеме една нова пролетна ориентирана политика која ќе ги разбуди и ќе ги расцвета најумните и најкритичните“, рече Сиљановска.
Comments are closed for this post.