Гордана Силјановска Давкова нагласи дека има намера да разговара со приврзаниците на Бојкотирам да излезат на гласање и да и дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.
Јас мислам дека ќе има цензус иако се разбира дека дел од граѓаните не сакат ни да помислат да излезат на гласање поради името, тоа се оние од бојкотирам, а кон нив се приклучи и дијаспората. Но, јас имам намера отворено да разговарам со приврзаниците на бојкотирам, да им објаснам дека нема цел неколкукратното бојкотирање, дека проблемот со името на легален начин се решава внатре во институциите и ќе ги повикам да гласаат на изборите, вели Силјановска Давкова за Сител.
Comments are closed for this post.