Судот делумно уважена тужбата на Вице Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета. За Судот не е спорен делот од изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека братот на премиерот е главен бизнис фактор во државата, спорен е единствено делот за наместените тендери.

Судот одлучи дека Николоски не треба да го плати бараниот паричен надоместок.Николовски е задоволен од пресудата.

-Задоволен сум во делот каде што тужбеното барање е одбиено во однос на материјалната надокнада и во однос на делот кој се однесува за главен бизнис фактор во државата. Во однос на делот за наместени тендери, јас јасно кажав, вие бевте сведоци дека тој дел се однесува на работењето на Владата, изјави Николоски.