Трите главни партии кај Македонците и Албанците се соочуваат со пад на поддршката ако се споредат последните неколку изборни циклуси и референдумот за името.
Ова го покажува истражувањето што го направи Пресинг ТВ по последните претседателски избори. Иако навидум изгледа дека Стево Пендаровски освои најголем број гласови, впечатокот е дека власта е најголем губитник на изборите.
Тоа е најмногу поради фактот тоа што за прв пат СДСМ и ДУИ, но и другите партии на Албанците застанаа зад т.н консензуален кандидат и имаа многу повеќе гласови на располагање.
Но, на терен тоа не се покажа. Пендаровски на овие избори освои 323.846 гласови, наспроти Силјановска со 319.240. На претседателските избори во 2014 година Пендаровски во првиот круг освои 326.069 а во вториот 398.076 гласови.
Ако се погледнат резултатите од парламентарните избори во 2016 година кои беа вовед во политичката криза и тука се гледа падот на поддршката кај двете најголеми партии. Тогаш СДСМ освои 436.981 а ВМРО-ДПМНЕ 454.537 гласови.
Споредувајќи ги резултатите од локалните избори со претседателските избори најдобро може да се види падот на поддршката на СДСМ за нецели две години.
Ако во 2017 година СДСМ доминираше на локално ниво освојувајќи ги речиси сите општини сосе Скопје, сега сликата е целосно различна.
Освен во Карпош и Центар кои останаа бастиони на СДСМ, речиси цело Скопје е обоено во црвено.ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови и во Охрид, Штип, Велес, Прилеп, каде на минатите избори доминираше СДСМ.
Сепак за најголем губитник на овие избори може да се смета ДУИ. Партијата на Али Амхети на овие избори не излезе со свој кандидат за да провери како стои на терен и дали може да има повеќе од оние 87.000 гласови на парламентарните избори во 2016 година.
Од претседатеските избори се чини најмногу профитираше Блерим Река односно партиите што го поддржаа, Алијанса за Албанците и Беса. Тие заедно освоија околу 80.000 гласови и можат да влијаат на конечниот победник на 5ти мај.
Comments are closed for this post.