Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на претседателските избори гласаше на гласачкото место 2859, во средното училиште „Јосип Броз Тито“. По гласањето тој кажа дека очекува изборите да поминат во најдобар ред како што и доликува на земја која три децении е во демократија.
На својот наследник, претседателот Иванов му посака помирен и поуспешен мандат, без многу политички кризи како што сме ги имале во изминатиот период. Македонија, рече тој, заслужува да и припадне она за кое се изборила досега.
Comments are closed for this post.