Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство отвара предмет за објавувањето на новите прислушувани разговори, што од вчера се појавија во медиумите.

Зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „Vk.com“.

Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана, информираат од МВР.

Новообјавените разговори откриваат комуникации меѓу Љубомир Фрчкоски и Алберт Муслиу, Бранко Црвенковски и непознат женски глас, дијалог меѓу Оливер Спасовски и Гордана Јанкуловска, поранешен директор на ЕЛЕМ со непознат соговорник, Емил Стојменов и Мартин Протуѓер и бомба насловена како „комитети“.

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.