Како и секоја кампања не може да биде кристално чиста, но сите можеме да констатираме дека овие избори поминуваат во релативно мирна атмосфера, истакна денеска првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски пред почетокот на изборниот молк.

Ова е добро за сите нас во државата и така треба да биде во иднина без разлика кој е на власт а кој е во опозиција. Треба да покажаме демократска зрелост како држава за онаму каде што се стремиме, истакна првиот човек на Комисијата.