Мајката и бебето повредени во сообраќајката што се случи попладнево на булевар „Илинден“ спроти фонтата во Градскиот парк во Скопје се префрлени во Ургентниот центар.
Како што информираат од службата за Брза помош, мајката има скршеница на надлактицата, додека кај едно годишното дете нема видливи повреди, но се вршат детални анализи за точно утврдување на неговата состојба.
Според очевидци, автомобилот во кој биле мајката и бебето, а го возел таткото, загубил контрола и излетал од патот при што се удрил во бандера. Неофицијално, тие преминале преку полна лента за да претекнат колона, закачиле друго возило, по што изгубиле контрола и удриле во столбот.
Comments are closed for this post.