Aнтикорупциската комисија отвори постапка дали со вчерашното соопштение на Министерството за земјоделие дека се исплатени 80% субвенциите за тутун е прекршен изборниот законик.
За антикорупционерите нејасно е дали овие 27 милиони евра се редовна или нередовна исплата и зашто сега се врши истата.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше што Агенцијата во изборна кампања исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2000 лозари, но тоа не биле субвенции и редовни исплати туку за исплата на долг на приватни фирми.
На седница Антикорупциска прифати три од четирите иницијативи за прекршување на законик на ВМРО-ДПМНЕ и покрена прекршочни пријави за градоначалниците на Штип и Гази Баба.
Comments are closed for this post.