Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски утрово на својот Фејсбук профил се пошегува со предупредувањето кое на вчерашната трибина на СДСМ во Гостивар го упати еден од присутните, кој рече дека ќе појде со пиштол во ДИК затоа што бил избришан од избирачкиот список.
Добро утро од ДИК (го чекаме овај со пиштолот на кој што му беше речено да дојди) што би рекле комшиите: шта речи, а не заплакати! – напиша Деркоски.
Заканата дека со пиштол ќе влезе во ДИК ја упати граѓанин на Гостивар на синоќешната трибина на СДСМ во овој град.
Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас, има многу гостиварци избришани. Ве молам да се преземе мерка – се обрати револтираниот граѓанин до Пендаровски.
Откако Пендаровски му рече дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.
Ќе им појдам со пиштол – рече тој.
Comments are closed for this post.