Група холандски пратеници иницираа резолуција во холандскиот парламент со коа бараат на одреден рок да се укине слободниот шенгенски визен режим за албанските државјани. Холандскиот парламент за барањето дебатираше на 11април и ја добија поддршката од мнозинството.
Сега парламентот се обраќа до Владата со барање да и предложи на Европската комисија да иницира процедура на „повлекување на спасоносната сопирачка“ со што ќе се суспендира слободниот визен режим.
Барањето го поднеле пратеници од Христијанско-демократската партија, Либералните конзервативци, од Социјалистичката партија и од Христијанската унија при што се истакнува дека „тоа е побарано во интерес на борбата со организираниот криминал“.
Во образложението за барањето се нагласува дека „има значително зголемување на криминални активности од страна на албанската мафија во Холандија и тие криминални организации ја злоупотребуваат можноста за безвизно патување низ ЕУ, а на тој начин ја шират својата шверцерска мрежа“.
Согласно механизмот за „повлекување на сопирачката“, регулација донесена во 2013 година, за да се усвои предлогот потребно е просто мнозинство во Европската комисија.
Во јануари 2018 и Франција се закани дека ќе го суспендира безвизниот режим за Албанците откако земјата прими 7.630 барање за азил на граѓани од Албанија.
Comments are closed for this post.