Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа.
Важно е да победи државата за да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Важно е масовно излегување на граѓаните на гласање, без разлика за кого ќе гласаат. Битола е еден од најубавите македонски градови, град на конзулите, град на Манаки, град на културата и затоа сакав да им се обратам на битолчани.
Ние можеме да експериментираме со секакви формули на владеење, но ако навистина не успееме да воспоставиме владеење на правото, тогаш се ќе биде погубно за државата. Ние немаме време да изгубиме уште 10, 20 години, бидејќи гледам во сите градови и села низ државата, сите се жалаат на иселувањето, на големиот егзодус на младите, но и на цели фамилии, а тоа го има и во Битола, ми рекоа битолчани на Широк Сокак. Мислам дека со политички, државни реформи може да се направи за младите и Македонија да ја биде, истакна Река.
Comments are closed for this post.