Тројцата кандидати во трката за претседателски избори вечерва од митинзите упатија силни пораки, очигледни се огромните разлики во концептите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но заедничко е, а тоа го потврди и Блерим Река, што сите повикуваат на масовен одзив на гласањето.

Премиерот Зоран Заев од вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Куманово рече дека на овие избори има еден концептот кој турка кон запад, а тој е на Стево Пендаровски. Другиот концепт турка кон назад, кон нови блокади.

„Тоа нема да го дозволиме, продолжуваме заедно напред. Гордана Сиљановска е против Договорот од Преспа со кој нашата земја е призната од целиот свет и го затворивме последното прашање со напите соседи. Сиљановска е против законот за јазиците кој е подржан од повеќе влади. Го доведува во рашање и Охридскиот договор. Иднина со такви луѓе нема“, истакна Заев.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски потсети дека со Заев битката ја почнале пред пет години токму во Куманово кога покажале дека постои концепт кој ја влече Македонија напред. Тоа е концептот „едно општество за сите“.

Пендаровски додаде дека го продолжуваат тој пат и сакаат да добијат нов претседател кој вопшто нема да личи на досегашниот.

„Тој човек уста не отвори за катастрофалниот режим, а во последните две години прави опструкции на сите добри потези за наша интеграција. Дефинитивно ги отворивме европските врати, го заторивме рамковиот договор, внатрешно сме сите во процесот. Со внатрешна кохезија и отворени евроатлантски врати, оваа и секоја наредна година ја прголасуваме за години на економси развој“, истакна Пендаровски.

На митингот тој порача дека „тој што гласа за Гордана всушност гласа за трет мандат за Ѓорге Иванов, а тие што на наредните парламентарни избори ќе гласаат за Христијан Мицкоски всушност гласаат за Никола Груевски“.

Претсеадтелската кандидатка, Гордана Сиљановска Давкова на митингот во Валандово истакна дека прашањето за името не е затворено.

„И дома и надвор со правни инструменти ќе сториме се за да докажеме дека нема држави со право на самоопредлување и држави без самоопределување“.

Таа критикуваше затоа што власта го меша партиското со државното и рече дека во оваа кампања министри, директори, и премиерот Зоран Заев активно учествуваат во кампањата за претседател.

Таа додаде дека нема никаква демократија во Владата, зашто сета власт е концентрирана во рацете на премиерот кој го има првио и последниот збор.

Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа и избира.

Оптимист сум, рече Река, кај мене владее позитивна енергија, а тоа значи дека на претстојните избори ќе обезбедиме цензус, без разлика на тоа кој ќе победи.

„ Важно е да победи државата за да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Важно е масовно излегување на граѓаните на гласање, без разлика за кого ќе гласаат. Битола е еден од најубавите македонски градови, град на конзулите, град на Манаки, град на културата и затоа сакав да им се обратам на битолчани. Пријатно сум изненаден од интересот и ентузијазмот на битолчани за мојата кандидатура и благодарам за гостопримството и убавите зборови. Мојот концепт е една Република за сите со Законот над сите. Ние можеме да експериментираме со секакви формули на владеење, но ако навистина не успееме да воспоставиме владеење на правото, тогаш се ќе биде погубно за државата. Ние немаме време да изгубиме уште 10, 20 години, бидејќи гледам во сите градови и села низ државата, сите се жалаат на иселувањето, на големиот егзодус на младите, но и на цели фамилии, а тоа го има и во Битола, ми рекоа битолчани на Широк Сокак. Мислам дека со политички, државни реформи може да се направи за младите и Македонија да ја биде“, истакна Река.