Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одби да открие повеќе за трансфер плановите на „кралскиот” клуб, но рече дека има многу играчи кои може да донесат пари.

„Секој е многу добар и има голем интерес за нив, рече стратегот, откако беше прашан дали треба да го продадат Иско, откако тој е меѓу најскапите фудбалери на пазарот.

Во врска со ситуацијата со Герет Бејл, францускиот стратег рече дека се потпира на Велшанецот.

„Останаа седум мечевии. Ќе има промени. Се потпирам на Герет“, вели Зидан.

Во однос на Карим Бензема, според него тој е „компатибилен со сите”.

„Добрите играчи знаат како да играат заедно. Карим е поинаков. Тој прави многу работи, тој постигнува голови како „деветка” и ја организира играта како „десетка”, рече менторот на „Лос Меренгес”.