Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првата половина од претседателската кампања потрошил 480 илјади евра. Во извештајот кој го објави ДИК, вкупните приходи за изборната кампања на Пендаровски заклучно со 10 април се 504 илјади евра, а на транскациска сметка, 162 илјади евра.
Во парите е опфатено платено политичко рекламирање во медиумите, банери, закуп на простор и други услуги. Пендаровски пријавил вкупни расходи од 485 илјади евра, односно 145 илјади евра расход на трансакциската сметка. А во графата членарини, односно донации од членовите на СДСМ има 163 илјади евра, додека околу 3 илјади уплатиле поединечни физички лица.
Павле Дукадиновски, е единственото лице кое донирало за капмањата на Пендаровски, според финансискиот извештај, тој уплатил за кампањата 150.000 денари.
На списокот пишува и други лица ама не се објавени суми.
Comments are closed for this post.