откако земјата е погодена од насилство

Либија причина за кавга меѓу Франција и Италија

13.04.2019 / 10:30


Официјален Рим, кому Либија некогаш му беше колонија, го предупредува Париз, кој е во добри односи со Калиф Хафтар, да се воздржи од поддршка на било која фракција. Претходно дипломатите изјавија дека Париз го саботирал ставот на Европската унија која го повика генералот Хафтар да ја запре офанзивата.

„Многу е сериозно Франција, заради економските и трговски причини, да ја блокира иницијативата на ЕУ за мир во Либија и да ја поддржува страната која се бори. Како министер за внатрешни работи, нема да стојам од страна и да гледам“, изјавил италијанскиот потпретседател Матео Салвини.

Франција која попоседува нафтени полиња во источна Либија, му даде воена помош на Хафтар, велат либиски и француски службеници.

Според податоците на ОН, во борбите меѓу силите на Хафтар и меѓународно признатата влада во Триполи убиени се најмлаку 56 луѓе, а повеќе од 8 илјади лица во изминатите неколку дена ги напуштиле своите домови во Триполи.

Либија е погодена со насилство и политичка нестабилност од 2011 година кога беше симнат од власт и убиен Муамер Гадафи. Во земјата владеат две влади, една меѓународно призната, таа е во Триполи, а другата, во Бенгази, ја предводи командантот на самопрогласената либијска национална војска, генерал Калиф Хафтар.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.