Претсдателскиот кандидат на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, на средби со граѓаните на Илинден, Зелениково и Петровец, порача дека неговата опција ќе победи на претстојните претседателски избори, затоа што нуди подобар живот и европска иднина за сите.
Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон Европската унија и НАТО има историски огромна важност бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома и тука да градат иднина – истакна Пендаровски.
Владиниот претседателски кандидат истакна дека по подолг период, државата се приклучила кон развиениот свет и сега треба со уште поголема посветеност да продолжи напред.
НАТО ни даде покана за членство, со ова е обезбедена нашата сегашност и иднина. Дваесетидевет најмоќни земји сега се со нас, не сме сами. Не се поставува прашањето дали ќе не биде. Република Северна Македонија сега е своја на своето. Затоа, да ја искористиме шансата и да продолжиме напред – истакна претседателскиот кандидат.
Comments are closed for this post.