Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и дека е соочен со правосудството на Велика Британија“, изјави британскиот министер за внатрешни работи Саџид Давид.
Откако владата на Еквадор го укина азилот на основачот на Викиликс, британската полиција влегла во амбасадата на Еквадор во Лондон и го уапсила Асанж.
WATCH: Moment Julian Assange is CARRIED out of the Ecuadorian Embassy in London. pic.twitter.com/OEeqmoksGr
— RT UK (@RTUKnews) April 11, 2019
Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјави дека неговата земја го укинува азилот на Асанж откако тој повеќе пати ги прекрши меѓународните конвенции.
Во еквадорската амбасада Асанж престојуваше од 2012 година, како би го избегнал испорачувањето во Шведска која го обвинува за сексуално злоставување.
Асанж ги негира обвинувањата и стравува дека Шведска ќе го предаде на властите во САД како би се соочил со нивните обвинувања за обелоденување на воени и дипломатски документи.
Асанж за многу краток рок ќе се појави во суд, наведе британската полиција.
Comments are closed for this post.