Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Самоил Малчевски објави фотографија на својот фејсбук профил од Брисел.
На фотографијата може да се види дека е пречкртана придавката „Северна“.
„НикогашСеверна! Битката продолжува!“, напиша Малчевски во објавата.
Вчера и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, објави фотографија од неговата акредитација каде е пречкртана придавката „Северна“.
Comments are closed for this post.