Во Јуни нема да има одлука за датум за преговори, затоа што Франција, Холандија  и Данска сметат дека Македонија не е спремна и дека нема доволно добра имплементација на законите, посебно во областа владеење на правото и реформите во администрацијата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Со сите пратеници со кои што се сретнав лобирав Македонија што е поскоро  да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, тој датум го имаме заслужено како држава уште во 2009 година, кога за прв пат добивме позитивна препорака од ЕК. Пратениците од Австрија, Хрватска, Полска кажуваат дека ќе дадат поддршка. Но за жал реалноста не е сведена на овие земји. Франција, Холандија  и Данска сметат дека Македонија не е спремна“, вели Милошоски во видео обраќање објавено на неговиот фејсбук профил.

Според него оптимистичко и реално сценарио за почеток на преговорите, доколку има добри реформи и се убедат Франција, Данска  и Холандија, е за време на Хрватското претседателство со ЕУ во првото полугодие на 2020 година.

Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години “ , кажа Милошоски.