„За да си ја вратиме татковината која што си ја сакаме на вистинската патека, победата на 21 април нема да биде доволна, потребна ни е победа на 5 мај, голема победа на 5 мај, а потоа ќе му дадеме шанса на господинот Заев да распише предвремени парламентарни избори“, порачана митингот во Куманово, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По поразот кој му следува на Заев на претседателските избори, Мицкоски посочи дека ќе се формира влада за национално единство, за потоа да Заев да се охрабри и распише предвремени парламентарни избори
„На тие предвремени парламентарни избори јас го гледам резултатот, најголемата политичка коалиција во независна Македонија ќе ја добие рекордната поддршка од граѓаните. Тоа е она што и треба на Македонија“, потенцираше Мицкоски.
Македонија е нашето се, рече Мицкоски и нагласи дека за СДСМ тоа е непозната големина.
„Вие, господа од СДСМ слушајте и запишувајте. Одите напред со полни торби украдени пари од граѓаните, а ние одиме напред и ќе ја градиме иднината на достоинствена, честита и праведна Република Македонија. Вие одите во иднината за да крадете и да се богатите, а ние одиме и градиме иднина за богата држава и богати граѓани. Тоа е разликата меѓу нас и вас. Вие би сакале да го заборавите минатото за да одите кон иднината, затоа што како сидро ве влече, но ние одиме напред мислејќи на иднината, мислејќи на традицијата и на вистинските вредности кои се нашето едро во кое дува силен ветар и кон Европа и кон светот. Вие имате проблем со себе, а ние имаме проблем со вас и ќе го решиме на 21 април“, кажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.