Слаб и блед. Вака професорот Љубомир Фрчкоски при гостувањето во Отворено Студио на 1ТВ го дефинираше настапот на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на првата телевизиска дебата со Гордана Силјановска и Блерим Река. Според Фрчкоски, Пендаровски можеби бил импресиониран од неговата колешка.
Пендаровски беше блед во целата приказна беше импресиониран можеби од својата колешка. И имаше една сосема погрешна тактика да поставува наводно прашања кои требаше Силјановска да ја стават во незгодна позиција, за 10 секунди. А, она после користеше за две минути да му држи лекции и да му објаснува. И таа му го украде времето во дебатата. А, Пендаровски го изгуби своето време и имаше тотално глупава тактика, посочи Фрчкоски.
Comments are closed for this post.