петти ден претседателска кампања

Силјановска: Во Македонија владее селективна правда; Пендаровски: Правда мора да има во оваа држава

05.04.2019 / 8:00


Кандидатите за претседател на Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања. На петтиот ден, централниот караван на коалицијата Заедно напред ќе одржи граѓански трибини во Берово и Делчево, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и Битола.

Синоќа професорката Гордана Силјановска одржа митинзи во Виница и Кочани од каде порача пред присутните дека во Македонија владее селективна правда.

Да се оди во ЕУ значи правна држава, а не е правна држава ако се репресираат пратеници, и се прави се да се ослободи коалициониот партнер. Од друга страна има постојан реваншизам кон неистомислениците. Видовме дека иако може да обвинат за терозирам, може да ги ослободат обвинетите. Каква е таа држава, во која на чело на телото за судски реформи е премиер, кој не е ниту правник. Тоа не е вистинска, туку селективна правда. Нивното право е политичко“, рече Силјановска Давкова.

Кандидатот поддржан од власта, Стево Пендаровски синоќа одржа трибина со граѓаните на Велес од каде порача дека правда мора да има во оваа држава.

Нам ни било пишано по трнлив пат да одиме, но ќе го изодиме. СЈО треба да продолжи и понатаму  да работи за да се почитуваат законите во државата. Нашата тенденција е токму таа, Република Северна Македонија мора да биде демократска и правна држава“, потенцира Пендаровски пред велешани.

Кампањата официјално започна во понеделникот на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски на важна средба со Рубио

пред 1 ден
Македонија

За многу години: Денеска е Рождество на Пресвета Богородица

пред 1 ден
Македонија

Мисајловски во Словенија на средба со дијаспората и на министерски состаноци

пред 2 дена
Македонија

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

пред 2 дена
Македонија

„Рамбл“ сака да отвори дата центар во Македонија

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски на работни средби во Вашингтон: Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета

пред 4 дена
Македонија

Пруга кон Бугарија: Се гради најдолгиот мост на делницата Бељаковце – Крива Паланка

пред 4 дена
Македонија

И Перпарим Бајрами не се чувствува виновен

пред 4 дена
Македонија

Николоски: Кај Ботун се решава најтешкиот предизвик на автопатот Охрид – Кичево, со специјални машини кои тежат по 130 тони

пред 5 дена
parla iptvbetciostarzbetjojobetMarsbahisbetsmoveholiganbetcasibomcasibomcasibomMarsbahisjojobetjojobetsekabetPusulabetHoliganbetSuperbetinBetparkSuperbetincasibomjojobet girişholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetmarsbahisbahsegelcasibomjojobetholiganbetzbahisroketbet