Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на митингот во Велес пред присутните вети дека ќе се бори за напредок и евроатланска интеграција на државата.

Според Пендаровски со ова темпо со кои се движи државата очекува во јуни земјата да го добие датумот за преговори со ЕУ, со што ќе се отварат и фондовите на Европската унија.

Да знаете дека на годишно ниво има околу 500 милиони евра на располагање, ако сте паметни, а имаме луѓе, можете да земете пари посебно во земјоделието за развој на таа област и за подобар животен стандард на сите вас“, рече Пендаровски

Меѓу другото, порача дека правда мора да има во оваа држава, за што како што кажа претходно како задача мора да се реши Специјалното јавно обвинителство за што е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот и ја обвини опозицијата за кочење на процесот со поднесените амандмани.

Пред граѓаните во Велес, Пенадровски истакна дека на 21 април граѓаните ќе гласаат за земјата да ни оди напред, кон ЕУ и НАТО, запирање на процесот на миграцијата или за вториот концепт, што не нуди ништо ново од времето на владеењето на Груевски и Иванов.