Во вечерашната претседателска дебата Стево Пендаровски рече Гордана Силјановска да се кандидра за декан на некој правен факултет, а не за претседател на Македонија.

„Вие да се кандидирате за декан на некој правен факултет. Со нашите скромни правни и политички ресурси не може да се ревидира Преспанскиот договор и да очекувате целиот свет да не следи во тоа“, рече Пендаровски.

Силјановска рече дека кога би ја преземала функцијата ќе се повикува на меѓународното право по сите прашања околу Преспанскиот договор.

„Непроменливоста е политичка , а не правна категоријата. Секоја генерација има право на свој устав“,  рече Силјановска.

„Преспнаскиот договор може да биде променет, тоа не е спорно, но важен е односот кој го создава во моментов тој. Можно е менување на Договорот од Преспа, но потребна е согласност од двете страни“, возврати Пендаровски.