Јапонците ќе мораат од 27 април до 6 мај да го поминат неработејќи. Така е затоа што во тие денови се случува повлекувањето од престолот на царот Акихито, а на негово место го наследува неговиот најстар син Нарухито.
Претходно, Јапонија објави дека името на новата царска ера во земјата, која почнува на 1 мај, ќе биде „Реива“, што означува ред и хармонија. Сегашната ера, наречена „Хејсеи“ (постигнување мир), завршува со абдикацијата на царот Акихито, прва по повеќе од два века.
Важејќи за работлив народ, Јапонците ваквата ситуација ја доживуваат со страв, пишува Гардијан.
Многумина ќе заминат на туристичко патување, но работниците кои се платени по час не се толку среќни што мора да заминат на одмор.
Како што пишува Гардијан, на одморот не му се радуваат ниту родителите кои работат во услужните дејности. Грижа им создава каде да ги остават децата додека тие се на работа. Во текот на десетте дена празнување на децата не им се на располагање вообичаените решенија, продолжен престој во училиште или градинка.
Многумина пак едноставно немаат никаква идеја што да прават во деновите кога не работат.
„Искрено, не знам како да го поминам времето, многу се 10 дена празнување, вели Сеишху Сато, вработен во финанскиска компанија.
Most employees dream of extra holidays. But in Japan, a break to mark the emperor’s abdication has been met with horror and consternation. https://t.co/AKGXL3U2e5
— Sid Tam (@sid_tam) April 3, 2019
„Ако посакате да патувате, секаде ќе биде гужва, а скокна и цената на туристиките понуди. На крајот би можело да ги поминам со моите родители“, додава Сато.
Јапанскиот весник Асахи спровел анкета која покажала дека 45 отсто од анкетираните „се чувствуват несреќно“ кога е во прашање долг одмор, додека 35 отсто „се чуствуваат среќни“.
Просечниот Јапонец во годината користи само 10 слободни денови, што е половина од вкупниот број за годишен одмор.
Околу 60 отсто од нив се осеќаат виновни кога користат платен годишен одмор, а многу велат дека тоа е така бидејќи шефовите на тоа не гледаат со одобрување што се отсуствува од работа.
Во понеделникот Јапонија усвои закон со кој се ограничува работното време, по растот на бројот на смртни случаи заради претерана работа „кароши“.
Без оглед, на работната сила и посветеност, во Јапонија како и во други земји има недостаток од работна сила па измените во законите за имиграционите политики се предвидува дека во следните пет години би можело од странство да пристигнат 340 илјади работници.
Comments are closed for this post.