Направен е нов голем напредок во електронските батерии за автомобили – со најновиот изум на германска компанија со едно полнење можат да се поминат 1.000 километри, пишува британски „Експрес“.

Инолит АГ соопштија дека успале да произведат неорганска батерија на полнење која има моќност од 1.000 вч/кг. Според компаниата, батеријата на Инолит радиклано ја намалила цената на чинење затоа што избегнале употреба на егзотични и скапи материјали, комбинирано со многу гоелам згуснатост на енергија во сситемот.

Станува збор за прва литиумска батерија која не е запаллива, за употреба во електронските возила.

„Енергетската батерија на Инолит е пресврт во технологијата затоа што ги исполнува сите посакувани критериуми, а можноста за долготрајно возење е еден од нив“, изјави директорот на компанијата, Сергеј Бухин.

Се очекува батериите да се појават на пазарот за три до пет години.