Во рамките на кампањата за Претседателските избори 2019, Демократската Унија за Интеграција синоќа одржа собир со жителите на општина Шуто Оризари и Чучер Сандево.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети во неговиот говор пред присутните рече дека се создадени условите за гласање на заеднички кандидат за претседател кој ќе ги престави сите заедници во Република Северна Македонија.
Се откажавме од неиздржаните партиотизми останувајќи прагматични и рационални така како сакаме да стигнеме до целта. Ја предложивме идејата на консензуалниот претседател и како идеја ја претставивме на двете страни. Треба да бидеме реални, ние не може да спроведеме избори за претседател на државата со гласовите и изборната битка со македонската страна. Но, како ги реализиравме, како што изброија моите соработници, Министерството за Одбрана, Министерството за Внатрешни Работи, Народниот Правобранител, Претседателот на Собранието, така ќе се спроведат овие цели. Тука има разлика помеѓу нас и помалите партии. Разликата е што јас Али Ахмети, не калкулирам дали ќе победам на следните избори или не. Јас работам заедно со моите соработници за да направам добри дела кои ќе бидат во корист на Албанците и после одлучуваат граѓаните за кого ќе го дадат нивниот глас. И, ова нас не држеше непоразени 18 години по ред иако сите напади ги имаа во насока на ДУИ за да не поразат затоа што сме им пречка, бидејќи ние промовираме програма, визија и идеја, а ова им смета на другите“ ,Ахмети.
Според него со решавањето на спорот со името, Македонија ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО што е гаранција за подобар живот на граѓаните.
Во ова земја се напрвени големи работи. На крај на годината ќе бидеме членка на НАТО. За пет години ќе станеме членка на ЕУ. Но, како што имавме заложба да ја добиеме поканата за членство во НАТО, така имаме обврска и за членството во ЕУ. Имаме дополнителни задачи. Во ова земја треба да владее законот, безкомпромисната борба против криминалот и корупцијата, реформи во судството и ние после пет години ако сме успешни во спроведувањето на реформите, треба да бидеме убедени дека ќе станеме полноправна членка на Европска Унијa” истакна Ахмети.
Comments are closed for this post.