Таблата што е поставена пред Владата на Република Северна Македонија е мал тековен трошок за кој немало потреба од тендер, бидејќи чини 5.000 денари, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека новиот тендер за таблите за сите институции дополнително ќе биде распишан. На фасадата на Владата пред доаѓањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше поставена табла со новото име на државата – Република Северна Македонија на три јазици – македонски, англиски и албански.
Comments are closed for this post.