Бугарскиот премиер Борко Борисов телефонски разговарал со својот колега Зоран Заев за несреќата со паднатиот авион „цесна“, јавува БТВ.
Од синиќа сме во комуникација, прават се што е возможно да стигнат до паднатиот авион. Нашиот хеликоптер е подготвен од синоќа. Засега се смета дека ќе стигнат, иако локацијата е многу тешко пристапна. Се надевам дека ѓе успеат најбргу што може за да ја видиме и причината за несреќата, изјави Борисов.
Претходно министерот за внатрешни работи Младен Маринов објасни дека акцијата е веќе започната. Со хеликоптери ќе биде направен обид да се стигне до местото на инцидентот, но тешко пристапниот терен ја забавил екипата на северномакедонски експерти.
Првично, преку МВР беше најавена помош, стапивме во контакт, но додека одржувавме врска со нивниот министер за внатрешни работи, тој рече дека во оваа етапа не е неопходна. Екипажот на нашиот хеликоптер беше формиран, хеликоптерот наполнет со гориво и подготвен итно да реагира, изјави Маринов.
Според зборовите на министерот за внатрешни работи, се уште не е утврден идентитетот на жртвите, а првичните информации појавени во медиумите не е проверена и создава забуни.
Comments are closed for this post.