Аспирациите за присоединување на Северна Македонија кон НАТО може да доведат до дестабилизација на ситуацијата на Балканот и се закана за европската безбеднот, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов во интрвју за весникот „Известија“, пренесува ТАСС.

Ние разбираме дека тој дрзок чекор со Преспанскиот договор беше замислен за Македонија да биде побрзо внесена во НАТО. За нас сликата е доволно јасна: државата за уши ја влечат во Алијансата. Тоа негативно се одразува на европската безбедност и стабилност во регионот на Балканот, посочи Чижов.

Тој подвлече дека процедурата за промена на името на Македонија е спроведена со прекршување на уставот на државата, наспроти мислењето на претседателот.

Долгогодишниот спор за името на северниот грчки сосед беше решен со Преспанскиот договор со кој државата се преименува во Северна Македонија, а Грција се повлече од блокадите за нејзиното присоединување кон НАТО и ЕУ.