Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски смета дека доколку пропаднат претседателските избори поради недоволна излезност веднаш треба да се распишат нови.

 На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати. Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите-вели Дерковски за Радио Слободна Европа.

 

Меѓутоа, претседателот на Собранието , Талат Џафери пред неколку дена наговести дека нема да брза со распишување на изборите и оти тој мора да ги распише минимум 70 а максимум 90 денови пред нивното одржување во рокот од шест месеци.

Дотогаш претседадателот на Собранието ги врши сите функции до изборот на нов претседател на државата. Но, треба да се води сметка и за периодот на распишување, да не бидат среде лето, бидејќи тоагаш луѓето мислам на одмори а не на гласање-изјави Џафери пред неколку денови.