Пожарот во село Саса се уште е активен, но ставен под контрола. Акцијата, како што информира Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица од утрово е поддржана и со авионско гасење.
Спасени се домовите на жителите од село Саса. Жителите од маало Аџии повторно се во своите куќи кои во синоќешната акција ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Национални шуми, Шумска полиција со поддршка на ЈП Камена Река успеаја да ги спасат од огнената стихија – изјави Трајчевски.
Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот, чие гасење е отежнато од силниот ветер и непристапниот терен.
Comments are closed for this post.