Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И по вечерашната средба во Министерството за правда остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите.
Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата вечерва изјавија дека разговорите продолжуваат и е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.
Министерката за правда Рената Дескоска – Треневска се надева дека за Законот ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство и оти законот ќе биде донесен пред изборите како услов за да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ.
Таа нагласи дека е многу важно СЈО да продолжи да работи самостојно во рамките на Јавното обвинителство и оти не треба да се претопи во некое од обвинителствата
Зијадин Села пак смета дека СЈО треба да продолжи со работа онака како што е формирано и оти треба да се формира и специјално судство кое ќе се занимава со случаите кои ќе ги покрене Специјалното обвинителство.
Comments are closed for this post.