Министерот за здравство Филипче, веројатно под притисок на комерцијалистот Заев, наместо да седне и да работи и да спроведе вистинска реорганизација и оптимизирање на јавните здравствените институции и здравствените услуги, се фаќа за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата на здравствениот систем, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Детската кардиохирургија е приватизирана, префрлена во приватна болница, иако оттогаш никој не даде отчет во јавноста како се спроведува и како тече овој проект.
По првиот, неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата земја, следи втор обид, но овој пат тој е прекинат поради претстојните претседателски избори.
Идејата за приватизирање на службата на Брза помош и службата за Домашна посета, иако никаде не ја среќаваме на друго место во светот, продолжува да се спроведува врз основа на некаква физибилити студија, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Николов додава дека последната идеја на министерот Филипче да се приватизира по модел јавно приватно партнерство и процесот на стерилизацијата којшто всушност е срж на здравството.
Станува збор за област за којашто во иднина приватна фирма би требало да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад. Приватник ќе се грижи за стерилизацијата, се поставува и прашањето дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен, доколку се појави инфекција?!“, прашува Николов.
Тој истакна дека граѓаните очекуваат оптимизација на јавното здравство и навремена, соодветна медицинска услуга за парите коишто ги одвојуваат секој месец за оваа намена.
Comments are closed for this post.