Австралијанец од Мелбурн уплатил две лото ливчиња со исти броеви, а секое му донело по 23,3 милиони долари.
Немам зборови. Не можам да верувам“, изјавил среќниот добитник, кој рекол дека истите бројки ги игра веќе 30 години.
Добитникот уплатил едно лото ливче, а потоа случајно, мислејќи дека заборавил одново уплатил уште едно ливче со истите бројки на друго место. Добитната комбинација била 12, 28, 24, 29, 9, 18 и 25, а дополнителните 13 и 31.
Играм секоја недела. Бројките кои ги напишав не ги бирав посебно. Сега се, меѓутоа, многу посебни“, истакна среќниот Австралијанец.
Уште еден добитник освоил 23,3 милиони, но допрва треба да ја преземе својата добивка.
Доколку по некаква случајност уплатил едно ливче, вкупната награда би била поделена на две ливчиња, што би значело дека би освоил 35 милиони. Што значи дека уплатеното по грешка ливче му донело дополнителни 11 милиони долари.
Comments are closed for this post.