Мачката на починатиот дизајнер Карл Лагерфелд, Шупет (или личноста која стои зад нејзиниот профил на Инстаграм) не пропушти да ги наплати своите 15 минути слава по смртта на нејзиниот сопственик.
Шапет сега има сопствена колекција под име „RIP Daddy“, која вклучува маици, тренерки, маски за телефон и дневник со цртежите на Шупет Моник Смајли (која е заслужна и за нејзиното лого на Инстаграм).
Цртежите ја прикажуваат Шупет со црн вел и препознатливите наочари и кравата на Лагерфилд, а зборовите „RIP Daddy“ се испишани на секој дизајн.
Одреден дел од заработката од оваа колекција оди во Хелен Вудвард центарот за животни.
Comments are closed for this post.