Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише бидејќи на нив стоеше Република Северна Македонијс и ги врати во Собранието денеска повторно се на собраниска седница.
Меѓу нив се законите за заштита од дискриминација, за ОТА и за електронски комуникации. Но, неизвесно е дали отако Собранието пак ќе ги донесе тие ќе бидат објавени во Службен весник без негов потпис или ќе го чекаат новиот претседател на државата.
Според законските процедури, законите кои не се потпишани од претседателот на државата се враќаат повторно во Собранието, но иако во првата постапка за нивно изгласување било потребно двотретинско мнозинство, сега тие можат да поминат со просто мнозинство, односно со 61 глас.
Comments are closed for this post.