Грчкиот заменик претседател на собранието Георгиос Ваременос, се соочи со гневот на грчката дијаспора во Австралија и тоа токму наодбележувањето на Денот на независноста на Грција.

На собирот организира во Сиднеј Ваременос беше напднат од десетици Грци, кон него се извикуваа погрдни зборови, па дури и тешки пцовки, па тој мораше да си замине со полициска заштита.

На грчките социјални медиуми е објавено дека револтот е заради предавничкиот Преспански договор. При евакуацијата на Ваременос за малку е избегнат и инцидент со австралиската полиција. За сето време присутните на собирот извикуваа националистички пораки дека „Македонија е грчка“ и оти Грците се наследници на Александр Македонски.