Два силни земјотреси ги погодија Индонезија, Молучките Острови и островот Сулавези, но првично нема извештаи за жртви или за материјална штета.
Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Молучките Острови, на 147 километри северозападно од градот Тернате, на длабочина од 76,5 километри, соопшти американскиот геолошки завод.
Вториот земјотрес е регистриран на островот Сулавези, со јачина од 5,4 степени.
Земјотресот се случил 125 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од 10 километри.
Во земјотрес и од него предизвиканото цунами, минатата година на Сулавези загинаа 2.000 луѓе.
Comments are closed for this post.