Бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, поднесе оставка откако медиумите објавија дека таа и уште тројца функционери од владејачката партија „ГЕРБ“ купиле луксузни станови под пазарната цена.
Премиерот Бојко Борисов ја прифати нејзината оставка.
Оставка поднесе и заменичката на министерот за спорт Вања Колева, додека шефот на пратеничката група на „ГЕРБ“, Цветан Цветанов, тврди дека нема ништо спорно при купувањето на станот.
Аферата изби кон почетокот на неделата, кога бугарската редакција на Радио Слободна Европа и една невладина организација за борба против корупцијата, објавија дека функционерите минатото лето купиле луксузни станови во Софија под пазарната цена.
Цачева велеше дека не сторила ништо погрешно и побара антокорупциската комисија да го испита случајот. Вчера, антокорупциската комисија покрена истрага за становите кои се купени од иста градежна фирма.
Comments are closed for this post.