Тринаесет пациенти со морбили се прегледани во текот на вчерашниот ден од кои седум се задржани за болничко лекување. Од вкупно 34 пациенти хоспитализирани на Клиниката (16 деца и 18 возрасни), две деца и двајца возрасни се со потешка клиничка слика, информираат од Универзитетската клиника за инфективни болести.
Од седуммината новозаболени, две се деца на возраст од шест месеци од Куманово и едно дете е на возраст од една година од Сарај, кои не биле вакцинирани, а четворица се возрасни од Сарај (невакциниран), Карпош, Студеничани и од скопското село Паничари, за кои нема податоци за примени вакцини.
Од Клиниката посочуваат дека амбулантски се прегледани уште шест пациенти меѓу кои едно четиримесечно бебе од Тетово, кое не било вакцинирано, едно тригодишно дете од Сарај и едногодишно дете од Зелениково, двете вакцинирани, како и двајца возрасни од Скопје кои биле вакцинирани и еден возрасен од Гостивар, кој не бил вакциниран.
Comments are closed for this post.