Бурим Алими, синот на Абдуљфета Алими кој беше осуден во случајот за 27 април за терористичко загрозување на уставниот поред на затворска казна од 7 години, денеска организираше протестен марш. Се маршираше од плоштадот Скендербег до судската палата.
Синот на Алими рече дека неговиот татко бил на ниво на задачата и дека неправедно е казнет.
На протестот дојде и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Според него осудениот Абдулфета е херој кој му го спасил животот.
Членот на собраниското обезбедување, Абдуљфета Алими доби казна речиси за половина пониска од останатите обвинети за истото кривично дело, а образложението на судијката Добрила Кацарска беше дека тој го спасувал пратеникот Зијади Села, но сепак пред ова, презел дејствија со кои, според судот, го сторил кривичното дело.
Учесниците на протестот носеа маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „нема правда нема мир”, „правдата не е пазар”, „да спасиш човек”, не значи дека си терорист”,…
Демонстрантите ги исвиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април, кои потоа беа опфатени со Законот за амнестија.
Comments are closed for this post.