Шефот на изборниот штаб на кандидатот за претседател од владејачката коалиција, Александар Кирацовски, во Државната изборна комисија ја предаде кандидатурата на Стево Пендаровски. Таа е поткрепена со 32.000 граѓански потписи.
Кирацовски истакна дека Пендаровски на овие избори влегува како фаворит и оти ќе биде вистински претседател на сите граѓани.
Кирацовски нагласи и дека Пендаровски ќе води мирна, достоинствена европска кампања, преку средби со граѓани и митинзи, како и преку социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.