Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ќе учествува на годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Тој е придружуван од вицепремиерката Радмила Шеќеринска, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Премиерот Заев и делегацијата ќе имаат одделни средби со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешна политика и безбедносни прашања, Федерика Могерини, и со комесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Исто така, Заев за време на овој работен престој во Брисел ќе претседава со 15-тата сесија на Советот за стабилизација и асоцијација на која ќе се разгледува напредокот на нашата земја во процесот на интеграцијата во ЕУ.
Comments are closed for this post.