Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вечерва во својство на претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) изјави дека упадот на демонстрантите во зградата на Радио-телевизија Србија претставува насилство и остро го осуди истото.

„Секоја слика на насилство е штетна за Србија и го надминува секое политичко право на собири и протести. Насилството никогаш не донело ништо добро за Србија и истото не може да се дозволи“, истакнал Дачиќ во изјава за „Танјуг“.

Колоната од протестот „1 од 5 милиони“ која тргна од Филозофскиот факултет, застана кај зградата на РТС, ја обиколи, а во неа први влегоа лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ и една од организаторките на протестот Јелена Анасоновиќ.