Со поставување фотоволтаични системи во детската општинската јавна установа „Бамби” во Македонска Каменица, продолжува реализацијата на проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални средини“.
Градинката „Бамби” е втор од вкупно трите објекти на кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи. Поставувањето на фотоволтаиците, како што велат од Општината, на градинката ќе и овозможат заштеда на електрична енергија преку користење алтернативни извори.
Наскоро, општина Македонска Каменица ќе штеди електрична енергија преку алтернативни извори и преку поставување фотоволтаични системи и во деветолетката „Св. Кирил и Методиј”, а во изминатите денови вакви системи беа поставени на кровната конструкција во гимнаизијата „Миле Јаневски – Џингар”. Очекуваме овие алтернативни извори на енергија да донесат прилична заштеда на средства, велат од Општината.
Објектите на кои ќе се инсталираат овие системи ќе можат сами да произведуваат струја. На барање на Владата, ЕУ обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува два милиона евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а ја администрира Светска банка.
Comments are closed for this post.