Неколку часа пред да го изведе нападот во џамија во Нов Зеланд, Австралиецот Брентон Тарант објавил на социјалните мрежи објавил негов манифест на 73 страници под наслов „Голема замена“ во кој зборува за себе, неговата идеологија и плановите за денешниот напад, а го објавил и името на Еба Акерлунг, 11 годишно девојче, кое загина во терористички напад во Стокхолм во 2017 доина.
Освета за Еба Акерлунг, напишал напаѓачот. Пред две години нападот во Стокхолм ги промени моите гледишта. Не можев да му свртам грб на насилството, тогаш нешто беше поинаку. Таа разлика беше Еба Акерлунд. Таа се враќала од училиште, кога ја уби исламски терорист, пишува Тарент.
Девојчето беше една од петте жртви на нападот во Стокхолм.
Mediji so pohiteli in razglasili, da je pokol v mošejah na Novi Zelandiji delo skrajno desničarskega terorista in desničarsko nasilje. Manifest, ki ga je objavil morilec Brenton Tarrant pa kaže, da gre za navadnega duševno prizadetega norca, ki ne ve kaj je in kaj hoče! pic.twitter.com/V3GMCZdgrJ
— نMare Kranjc™🇸🇮 (@Max970) March 15, 2019
Тарант за себе вели дека е „обичен белец роден во Австралија од работничко семејство со ниски примања“, кое образованието не ги интересирало.
Како причина за масакрот, Тарант наведува дека сака да покаже на, како што ги нарекува, „освојувачите“ дека „нашата земја никогаш нема да биде нивна земја“ и дека „се додека белиот човек живее, тие никогаш нема да ја освојат нашата земја и нема да ги заменат нашите луѓе“.
Тој вели дека по дефиниција ова е терористички напад, но дека е и „герилска акција против окупаторските сили“, пренесува „Дејли мејл“.
Тарант пишува дека непријателите на „нашите земји и нашата раса“ слободно шетаат низ друштвата мислејќи дека се недопирливи и наскоро ќе сфатат колку грешат.
„Предавниците заслужуваат предавничка смрт. Било за три или 30 години овие луѓе мораат да платат за своите гнасни напади на нашата раса“, пишува Тарант.
Во тој контекст, Терент ги споменува Ангела Меркел, Реџеп Таип Ердоган и градоначалникот на Лондон, Садик Кан и додава дека и тие би требало да бидат убиени.
„Меркел, мајка на сите антибели и антигермански работи, е на врвот на листата. Дел од нив наштетија овозможувајќи расно чистење на Европа од нејзините луѓе“, пишува Тарант.
За турскиот премиер Ердоган, Тарант смета дека е еден од „најстарите непријатели на нашиот народ“ и лидер на најголемата исламска група во Европа. Во манифестот меѓу другото, Тарант му порачува на турскиот народ дека може мирно да живее во неговата земја, но не и западно од Босфор.
„Ќе дојдеме во Константинопол и ќе ја уништиме секоја џамија и минаре во градот. Аја Софија ќе биде без минариња, а Константинопол повторно ќе биде христијански“, порачал Тарант.
На страниците на манифестот поставен е симбол „Црно сонце“, симбол со окултно значење кое го користеле нацистите. Во него се назначени следните начела:
- Анти империјализам
- Заштита на околината
- Оговорни пазари
- Друштво без зависности
- Закон и ред
- Етничка автономија
- Заштита на културата и наследството
- Работнички права
Брентон Тарант, 29-годишен Австралиец, од денеска е човек кој го изврши најсмртоносниот терористички напад во историјата на Нов Зеланд.
Comments are closed for this post.