Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава” и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот, денес реформите се препознаени, извештајот е охрабрувачки, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е симбол за режим, заробена држава, криминал и кршење на човекови права.
„Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на САД, после црни 11 години, конечно нотира напредок во слободат на медиумите и судството. Во црните 11 години за Република Северна Македонија,време во кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше советник на неговиот ментор Груевски, извештаите изобилуваа со сериозни забелешки за огромното ниво на корупција, мешањето во судството и ограничувањето на медиумите“, стои во реакцијата од СДСМ.
За разлика од таквите извештаи, според владејачката партија извештајот за 2018 година покажува напредок во слободата на медиумите и судството.
Comments are closed for this post.