Шефот на мафијашка фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како Френки Бој, убиен е пред неговата куќа во Стејт Ајленд, соопшти полицијата. Во Кали (53) испукани се најмалку шест куршуми, по што напаѓачот со возило го прегазил мафијашот.


Фамилијата Гамбино е една од петте главни италијанско-американски мафијашки семејства во Њујорк. Мотивот за убиството засега не е познат, нема уапсени, а истрагата е во тек.

Франческо „Френки Бој“ Кали се зборува дека го преземал лидерското место во организацијата од Доменико Кефалау во 2015 година. Се верува дека има само едно обвинение против него, за заговор за перење пари во 2008 за што отслужил казна затвор од 16 месеци.

Босот Пол Кастелано ја поседувал куќата во Тод Хил каде што е сниман филмот

Населбата Тод Хил на њујоршкиот Статен Ајленд е познато по мафијашките семејства и поврзаност со мафијата. Во оваа населба е снимано и легендарното филмско остварување „Кум“, за измислениот криминален бос Дон Корлеоне во 1972 година.